Вие имате прво да ја знаете вистината

СУДБИНАТА НА УКРАИНА ЗАВИСИ ОД ЕДЕН ГРАД! Времето е главниот непријател на Киев, победата носи 3 работи – познат е крајот на ВОЈНАТА?!

Според американските власти, на југот на Украина се подготвува клучна битка која може многу да му донесе на Киев пред да почне зимата!

Украина постигна неколку успеси во деновите пред руската анексија на четири украински региони, а Русија наводно ја изгубила контролата врз две од четирите анектирани територии. Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска официјално ги потпиша сојузните уставни закони за прием на споменатите четири области во Руската Федерација. Сепак, шефот на руската управа во Херсон, Кирил Стремусов денеска соопшти дека украинската контраофанзива во Херсон е запрена. Украина изведе молскавична контраофанзива откако загуби четири региони, а наводно откриена е и тактиката со која се изведени овие акции.

„Сезоната на борбите се приближува. Вистинска катастрофа за Украина би била губењето на пристапот до морето од Мариупол до Одеса. Пристапот до Одеса е од витално значење за Украина, и затоа е важно нејзините сили на југ да преземат офанзивен став, а не само одбранбен“, рекол демократот Клиф Марфи.

Иако Украина постигна значителен успех во контраофанзивата во регионот Харков и повторното заземање на Лиман во Доњецк, американските власти веруваат дека одлучувачки чекор ќе биде ослободувањето на Херсон. Тие сметаат дека украинските сили треба да го заземат југот пред почетокот на зимата, бидејќи земјата во регионот наводно не била замрзната во последните три години. Тоа значи дека теренот наскоро ќе стане каллив и многу тежок за одење. Ова би требало да ги отежне воените маневри за двете страни, што ќе ги испрати на главните патишта каде армијата ќе биде многу поранлива и изложена на напади, според експертите. Додаваат дека калливиот терен е најмногу предност за оној што ја брани територијата бидејќи избегнуваат да се движат по копно. Со триумф во Херсон, Украина би добила пристап до пристаништата во Азовското и Црното Море, како и пристап до Одеса, што би било невозможно за руските војници во случај на губење на Херсон.

„Ако го контролирате Херсон, можете да ги спречите Русите да стигнат до Одеса“, изјавил висок американски воен функционер, цитиран од „Фајненшл тајмс“.

Американските претставници сметаат дека враќањето на територијата на југ е исто така клучно за подобра позиција на Украина на преговарачката маса.

„Јасно е дека на Украина и треба пристаниште на Азовското Море, и треба пристаниште на Црното Море. И Херсон е голем град, тие го сакаат назад. Конечниот договор би можел да биде постигнат за шест до осум месеци. Путин контролира малку повеќе територија отколку во февруари, а потоа би можеле да се договорат за прекин на огнот. Но, мислам дека пред тоа да се случи, Украина треба да врати уште некоја територија“, изјавил демократот Бред Шерман.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!