Вие имате прво да ја знаете вистината

Сценарио од ноќен кошмар, преголемиот успех на Украинците може да предизвика разорувачки последици: Генералот објаснува -“Како ќе биде употребена тактичка нуклеарна бомба”!?

За Украина војната би можела да биде реалност уште неколку години. Зимата ќе биде тешка и брутална, а непријателските страни ќе си задаваат тешки удари една на друга, пишува воен експерт

Во право сме кога ја поддржуваме украинската контраофанзива на југот на земјата, но премногу успех може да предизвика катастрофални последици – предупреди во напис за британски Times поранешниот шеф на стратешкиот штаб на британската армија, генерал sir Richard Barrons. Според Barrons, Украина покажала огромна отпорност и решителност и со поддршка на Западот би можела да ги сврти работите на терен. Но, во тој случај, предупредува Barrons, треба да се подготви за потенцијална руска одмазда, која, според него, може да вклучи употреба на тактичко нуклеарно оружје.

Како што пишува овој британски воен експерт, веќе напролет се очекува поширока украинска контраофанзива и мобилизација, а доколку биде успешна може да доведе до целосно враќање на териториите окупирани од Русија на Украина. Но, ако Путин почувствува дека ја губи контролата, дали ќе прибегне кон нуклеарно оружје, се прашува Barrons.

Војна уште многу години

Според него, војната може да биде реалност за Украина уште многу години. Зимата ќе биде тешка и брутална, при што непријателските страни ќе си задаваат тешки удари и ќе се обидуваат да заземат што е можно поповолна позиција до пролет кога се очекува нова голема фаза во војната.

Barrons разговара за следните чекори на Западот и нагласува дека мобилизацијата на украинските војници, а се очекува дека Киев ќе се обиде да создаде сила од еден милион војници, не е доволна. Овие луѓе треба да бидат опремени и обучени, инаку не се ништо повеќе од руско топовско месо.

Тој проценува дека за успешна контраофанзива, на Украина ќе и треба сооднос пет спрема еден во клучните точки за да се спротивстави на руската воена сила од околу 300.000 војници, иако разузнавачките извештаи велат дека Русија се бори со работна сила. Линијата на фронтот во Украина се протега на 1.500 километри.

Одлуката кој терен Украина треба да се обиде да го врати под своја контрола ќе биде комплицирано, вели Barrons. Има делови кои се клучни за иднината на земјата, оние кои се населени со мнозинско население кое ја поддржува Русија. Исто така, има делови што може да се добијат по цена што далеку ја надминува објективната вредност. “Украина ќе одлучи и ќе очекува нејзините сојузници да се согласат. Но, дискусијата може да биде вжештена”, дополнително коментира тој.

Barrons го покренува прашањето и за логистиката и за одржувањето, за поддршката потребна за да се одржи повеќемесечното војување и организацијата на медицинскиот систем во очекување на стотина мртви дневно и трипати повеќе тешко повредени.

За сојузниците на Украина во странство, големиот актуелен предизвик е да преминат од обезбедување поддршка преку обезбедување опрема на вооружените сили до мобилизација потребна за производство на опрема и муниција што ќе ги бара офанзивата. Тоа ќе биде значајна сметка за даночните обврзници, вели Barrons.

Но, најголемата опасност доаѓа од употребата на нуклеарно оружје, што, доколку се случи во Украина, би било рушење на табуто кое постои 77 години. Според Barrons, руското воено размислување ја прифаќа можноста за користење нуклеарно оружје од помал обем во услови на закана за постоењето на државата. Русија ја прогласи освоената територија на исток за анектирана. Доколку украинската офанзива го вклучи и преминувањето на таа граница, на маса ќе се најде акумулација на нуклеарен арсенал. Тоа не е незамисливо, вели Barrons, само е тешко да се прифати.

Детонација во воздухот

Во тој случај, нуклеарната бомба би била детонирана во воздух, на начин што ја прави помалку деструктивна. Ако, Barrons наведува пример, бомба од 10 килотони била активирана на околу 700 метри над град со големина на Краматорск во Донбас, таа би произвела огнена топка со радиус од 170 метри, фатална доза за секој во рамките на еден километар и половина. Штетата од ударот би била доволна за да се урнат зградите и да се предизвикаат изгореници од трет степен на една милја подалеку. Прозорците би се скршиле во радиус од пет километри.

“Како треба да реагира Западот во тој случај? Дали тоа би значело отстранување на Путин и неговиот внатрешен круг за да се обезбеди безбедноста на Западот? И како тоа би се постигнало? Дали би имало офанзива од силите на НАТО? Што би направиле Кина и Индија? Одговорот на тие прашања бара ладна глава. Можеби веќе следната пролет”, заклучува генералот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!