Вие имате прво да ја знаете вистината

Турска и шведска делегација на разговори за екстрадиција на терористите

„Очекуваме Шведска и Финска да ги екстрадираат припадниците на [терористичките организации] ФЕТО и ПКК во Туркије во рамките на договорот за НАТО

Техничките разговори помеѓу турската и шведската делегација за екстрадиција на терористите, според договорот со НАТО, започнаа денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турската страна ја предводи Касим Чичек, генерален директор за надворешни односи и Европската Унија во турското Министерство за правда.

Дводневните разговори се одржуваат во турската престолнина Анкара.

Минатата недела турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, рече: „Очекуваме Шведска и Финска да ги екстрадираат припадниците на [терористичките организации] ФЕТО и ПКК во Туркије во рамките на договорот за НАТО.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во јуни, одлука која беше поттикната од руската војна против Украина.

Туркије, која е членка на НАТО над 70 години, упати приговори за кандидатурите за членство, критикувајќи ги земјите дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички организации.

Трилатералниот меморандум кој беше потпишан меѓу земјите на Самитот на НАТО во јуни предвидува Финска и Шведска да не обезбедуваат поддршка на ЈПГ/ПЈД, сирискиот огранок на ПКК, ниту за терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за пуч во 2016 година во Туркије.

Финска и Шведска се согласија и да ги реализираат барањата на Туркије за депортација или екстрадиција на осомничените лица за тероризам.

Парламентот на Туркије мора да ги ратификува кандидатурите за членство на Финска и Шведска за тие да влезат во НАТО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!