Вие имате прво да ја знаете вистината

Алек Болдвин се спогоди со семејството на убиена Хачинс

– Алек Болдвин и продуцентите на „’Рѓа“ (Rust) постигнаа договор со семејството на кинематограферката на филмот, Халина Хачинс, која беше убиена по случаен истрел од пиштол.

Договорот којшто чека одобрување од судот, беше објавен вчера. Според спогодбата, продукцијата на филмот ќе продолжи во јануари со првичниот режисер на филмот, Џоел Соуза. Метју Хачинс, вдовецот на Халина, ќе биде извршен продуцент.

– Постигнавме спогодба, што сега треба судот да ја одобри, за нашиот случај со несаканата смрт, против продуцентите на „’Рѓа“. Како дел од оваа спогодба, нашиот случај ќе биде повлечен. Снимањето, коешто сега јас ќе го продуцирам, ќе продолжи со сите првични „главни играчи“ во јануари 2023 година, изјави Метју за „Јаху“.

Тој нагласи дека нема интерес да продолжи со обвинувања и припишување вина на продуцентите и Болдвин.

– Сите ние веруваме дека смртта на Халина беше страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната индустрија се здружија да му оддадеме почит на последното дело на Халина, заклучи Метју.

И Алек Болдвин ја потврди веста за спогодбата на својот интернет-простор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!