Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден пцуе: На социјалните мрежи се појави видео од Бајден како разговара со градоначалникот на Форт Мајерс! ВИДЕО

На Твитер се појави видео на кое Џо Бајден пцуе.

Претседателот на САД вчера се сретна со градоначалникот на Форт Мајерс Бич, Реј Марфи, и во еден момент рече: „Никој не се плетка со некој по име Бајден“.

„Сосема сте во право“, додаде градоначалникот. Се уште не се знае за што разговарале, но видеото набрзо стана хит на социјалните мрежи. Досега милион луѓе го погледнале.

„Ова е јак претседател“, „Сега го сакам уште повеќе“, „Го обожавам овој човек“, „Тоа е мојот претседател“, „Ја сакам таа страна од него“ – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Додека со својата изјава насмеа многумина, некои напишаа дека ваквото однесување е непримерно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!