Вие имате прво да ја знаете вистината

МОРА ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ЛАЖЕМЕ ЗА УКРАИНА, НАРОДОТ ЗНАЕ! Познатиот руски генерал ја бара ВИСТИНАТА: Непријателот е на НАШАТА земја

Висок руски пратеник ја повика земјата да престане да кажува лаги за поразите во Украина.

Висок руски пратеник во средата ги повика воените претставници да ја кажат вистината за воените случувања на теренот во војната во Украина, по неколку порази. Претседателот на долниот дом на парламентарната комисија за одбрана Андреј Картаполов упати остра критика, а неговите зборови ги пренесе агенцијата AFP.

„Мораме да престанеме да лажеме. Многупати сме зборувале за ова, но тоа не стигнува до одредени лидери. Ги читав извештаите на Советското информативно биро од 1941 година, кога Германците навлегоа во Москва. Тие отворено рекоа дека некаде се повлекуваме иако во секој извештај кажуваа дека „тава бригада го направила тоа“, дека „нашите пилоти уништиле толку и толку“, нашите загуби беа такви и луѓето ја сфатија опасноста и знаеја дека непријателот е на нашата земја. И сега непријателот е на нашата земја, сите погранични села од Белгород практично беа уништени, но извештаите на Министерството за одбрана се менуваат. Нашиот народ знае. Нашиот народ не е глуп. И гледа дека не сакате да им кажете ниту дел од вистината. Ова може да доведе до губење на кредибилитетот“, рече тој , како што пренесуваат медиумите.

Андреј Картаполов е поранешен офицер на руската армија, од 2018 до 2021 година беше заменик министер за одбрана и беше прв човек на Главната воено-политичка управа на вооружените сили на Руската Федерација. Имаше чин генерал-полковник.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин нареди преземање на нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП) во сопственост на Руската Федерација, според указот на шефот на руската држава, објавен во средата. Ова следеше откако четирите украински региони ЛНР, ДНР, Запорожје и Керсон беа припоени кон Русија.

Да потсетиме, војната во Украина започна на 24 февруари со наредба на рускиот претседател Владимир Путин да руската армија започне воени операции во оваа земја. Погледнете како изгледаше потпишувањето на припојувањето на овие четири области кон Русија:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!