Вие имате прво да ја знаете вистината

САД воведоа нови санкции за седум ирански функционери за смртта на младата Махса Амини

– САд денеска воведоа дополнителни санкции за иранските владини претставници како одговор на смртта на Махса Амини, што предизвика масовни протести во десетици ирански градови.

Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии за цел зеде седум високи функционери за финансиски казни заради исклучувањето на пристапот до Интернет во Иран, репресија на говорот и за насилството врз демонстранти и цивили.

Цел на санкциите се иранските министри за внатрешни работи и комуникации и неколку службеници за спроведување на законот.

Амини беше приведена од моралната полиција во септември затоа што не ја прекрила правилно косата со задолжителната исламска марама, позната како хиџаб. Таа колабирала во полициската станица и почина три дена подоцна, на 16 септември.

Нејзината смрт предизвика протести во десетици градови низ земјата, а владата одговори со насилство.

Од почетокот на демонстрациите, на 17 септември, иранските власти  приведоа најмалку 35 новинари и фотографи, соопшти Комитетот за заштита на новинарите. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!