Вие имате прво да ја знаете вистината

Советот за човекови права на ОН ја отфрли расправата за односот кон Ујгурите во Кина

Советот за човекови права на Обединетите Нации денеска го отфрли предлогот на Западот за одржување расправа за наводните кршења на човековите права во кинескиот регион Синџијанг, откако извештајот на ОН откри можни злосторства против човештвото над Ујгурите и други муслимани.

Ова е вторпат во 16-годишната историја на Советот да се отфрла предлог за за расправа, а набљудувачите го оценуваат потегот како чекор назад.

Деветнаесет земји гласаа „против“ предлогот, 17 „за“, а 11 беа воздржани.

Предлогот за расправа, меѓу останатите, го дадоа САД, Канада и Велика Британија. Кога беа објавени резултатите, во аудиториумот во Женева се слушна силен аплауз.

– Тоа е катастрофа. Тоа е навистина разочарувачки, изјави претседателот на Светскиот ујгурски конгрес, Долкун Иса.

Неговата мајка починала во логор, а двајца браќа му исчезнале.

– Никогаш нема да се откажиме, но, навистина сме разочарани од реакцијата на муслиманските земји, посочи тој.

Катар, Индонезија и Пакистан го отфрлија предлогот.

Непосредно пред гласањето, кинескиот претставник предупреди дека предлогот ќе создаде преседан за испитување на состојбата на човековите права во други земји.

– Денес на мета е Кина. Утре ќе биде која било друга земја во развој, додаде Чен Ксу.

Канцеларијата на ОН за човекови права на 31 август го објави долгоочекуваниот извештај, каде утврдени се сериозни кршења на човековите права во Синџијанг.

Групи за човекови права го обвинуваат Пекинг за насилство врз Ујгурите, претежно муслиманско етничко малцинство, кое брои околу 10 милиони луѓе во западниот дел на Синџијанг.

Пекинг силно отфрла какви било кршења на правата на Ујгурите, и ускажа „подготвеност за борба“ доколку против него се преземат некакви дејствија.

Постои политичка дилема кај многу земји во развој, што се меѓу 47-те членки на Советот, а не сакаат јавно да ѝ пркосат на Кина од страв дека може да ги загрозат кинеските инвестиции, пишуваат дел од светските медиуми. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!