Вие имате прво да ја знаете вистината

Вулин: На Србија не и е местото во ЕУ, тој сојуз е “работа на минато”

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека Србија треба што поскоро да прифати дека „не сака“ да биде дел од Европската унија (ЕУ) и дека „таму нема место, ќе биде подобро“.

Тој додаде дека односот на Србија со ЕУ „не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки“.

„Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, прашањето е дали ЕУ ја сака Србија. Судејќи по лудите уцени на кои не изложуваат за да го признаат Косово, да ја укинат Република Српска и да воведат санкции кон Русија, тие не не сакаат“, рече Вулин.

Тој тврди дека ЕУ како сојуз е „минато“, бидејќи со губењето на политичката независност, земјите од ЕУ „станаа територии, а не држави“.

„Конечната одлука за прием на нови членови ја носи секој парламент на секоја земја од ЕУ. Дали навистина мислите дека Хрватите ќе гласаат за влез на Србија во ЕУ без никакви други услови? Често се споменува моделот „две Германија“, но сосема неосновано. Германците живееја во двете Германии, а Германија беше поделена затоа што провоцира, додаде Вулин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!