Вие имате прво да ја знаете вистината

Изгорена земја, војници во ровови и град на духови: “Не, ова не се сцени од Првата светска војна” (видео)

Веќе пишувавме за тоа што се случува околу градот Бахмут, на истокот на Украина. Тоа е веројатно последниот град што Русите во Украина би можеле да го окупираат во догледна иднина. А судејќи според најновите видеа што ги сподели украинското Министерство за одбрана, она што се случува таму потсетува на конфликтите што се случија во Првата светска војна.

Украинските војници закопани во ровови на изгорената земја, зад кои се крие град на духови, успеваат да ги одбијат нападите на руската армија. Бахмут е едно од ретките места околу кои Русија не се повлекува бидејќи очајно и треба нешто што би можело да го промени наративот на војната во нивна полза, а украинскиот полковник Сергиј Череваџи, портпарол на украинската источна команда, е скептичен околу тоа дали Русите дури има доволно војници во овој момент или опрема за да го заземат овој град. Дел од аналитичарите сметаат дека освојувањето на Бахмут е поважно за Русите во овој момент заради морална победа, отколку што тој град е навистина стратешки важен за нив.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!