Вие имате прво да ја знаете вистината

Хит на социјалните мрежи – Ѓоковиќ ги воодушеви Французите со кавалерскиот гест: трчаше низ паркот, а потоа направи нешто што никој не го очекуваше (видео)

Новак Ѓоковиќ оваа недела настапува на силен турнир во Париз

Српскиот тенисер неколку дена порано пристигна во Париз за да се прилагоди и да се подготви за настапот, а интересната ситуација ја уловија камерите надвор од тенискиот терен.

Имено, за време на неговото трчање во локалниот парк, Ѓоковиќ бил фатен од камерите како кавалерски носи куфер и помага на една жена.

Целата ситуација ја снимил еден од случајните минувачи и ја објавил на социјалните мрежи и на тој начин предизвикал лавина позитивни коментари.

Во Париз Ѓоковиќ како шести носител ја брка седмата титула на тој турнир. Во 1. коло е слободен, а во 2. коло игра против подобриот Диего Шварцман – Максим Креси.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!