Вие имате прво да ја знаете вистината

“СЕ ЖИВО МУ УБИЈА” Синот на човекот кој е убиен со Аркан проговори за одмаздата на убијците по повеќе од 20 години

Александар Мандиќ го загуби својот татко во атентатот на Аркан.

Миленко Мандиќ Манда беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“ на 15 јануари 2000 година, заедно со Жељко Ражнатовиќ Аркан и Драган Гариќ. По повеќе од две децении, синот на Манда, Александар, ја објави книгата „Беше еднаш во Белград“ и преку бројни анегдоти, исповеди и досега необјавени фотографии ги оживеа спомените од тоа време.

Александар веќе зборуваше за убиецот на татко му, како го гледа тој чин на убиство, но и за потенцијалната одмазда.

Познавам многу луѓе од кругот на мојот татко и Аркан кои можеа да се одмаздат по 22 години, прво јас, на пример. Но, што би постигнал со тоа? Убил тројца Срби одзади, а што направил со тоа. Избегал ранет. Му убија се живо, не смее да мрда – рече помладиот Мандиќ и прокоментира што би направил доколку убиецот на татко му се врати во Сбија:

-Можам да го застрелам со пиштол ако сакам, но не знам што ќе извлечам од тоа? Одмаздата нема да го извади Манда од гроб, ниту Аркан и Гариќ – изјави тогаш Мандиќ.

Погледнете што кажа на видеото.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!