Вие имате прво да ја знаете вистината

ДАЛИ Е ОВА ПАНТЕРОТ ОД КОЈ СЕ ПЛАШИ СРБИЈА? Погледнете што прави животното додека мештаните го снимаат (ВИДЕО)

Веста дека диво животно, пантер, односно леопард со црно крзно е забележано во околината на Сонта, село во регионот Апатин, ја вознемири јавноста во Србија, а жителите на тоа место и околината се на штрек.

Иако многумина дури мислеа дека ова е несолена шега, сега се појави видео на кое се гледа како големо црно животно, слично на пантер, полека оди.

Видеото кое беше снимено испрати жител на таа област, наводно е снимено во Бања Јунаковиќ во Апатин, а како што тврди тој, на него се гледа пантерот од кој се плашат мештаните од Апатин и околината. Животното застанува за момент, гледа во правец на селаните и потоа продолжува понатаму.

Инаку, ЈП „Војводина шуме“ издаде известување со предупредување за ова опасно животно, а веродостојноста на оваа информација ја потврдија и од ова јавно претпријатие.

Апатин, пантерот

Нивното известување гласи вака:

-Јавното претпријатие „Војводинашуме“ Петроварадин, подружницата на претпријатието ШГ „Сомбор“, Шумското стопанство „Апатин“ ги известува сите сограѓани дека на нивата на општина Апатин е забележан црн пантер (леопард). Предаторот е крајно опасен и апелираме до граѓаните да се грижат за себе и за своите најблиски. Доколку некој забележи црн пантер, потребно е веднаш да ја извести надлежната полициска станица – стои во соопштението.

Милан Мириќ-Мики, сопственик на зоолошката градина „Зоо Мики“, првата приватна зоолошка градина во поранешна Југославија, а воедно и соработник на Покраинскиот институт за заштита на природата, претходно изјави дека нема претходни сведоштва за постоење на ова животно во Србија.

-Ако во случајов се работи за црн пантер по кој се трагаше минатата зима во околината на унгарскиот Кечкемет и кој според моите, иако неофицијални, информации всушност избегал од заробеништво во Австрија, се е можно. Имено, иако станува збор за животно кое не постои во слобода на нашите простори, неговата приспособливост би му овозможила да преживее подолго, особено ако има извор на храна. А еве што густите шуми во реонот на Дунав, заедно со безбедното засолниште, можат да му го обезбедат на овој тип на предатори – вели Мириќ, кој исто така тврди дека овој вид ѕвер не би претставувал некоја голема опасност за луѓето.

– Во случај на средба со луѓе, леопардот, кој е една од најмалите диви мачки, сам би побегнал, а пред тоа дефинитивно би се трудел да не го види никој – вели Милан Мириќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!