Вие имате прво да ја знаете вистината

Решил да спие само 3 часа исто како Никола Тесла! Погледнете што му се случило по само 7 дена

Никола Тесла спиел само 3 часа и функционирал совршено: Како е тоа можно?

Следејќи го примерот на Тесла, момчето реши да се угледа на големите умови, да го намали сонот на половина и да ја зголеми својата креативност.

Експертите тврдат дека квалитетниот сон е еден од најважните фактори кога станува збор за менталното и физичкото здравје. Според нив, 7 до 8 часа сон е идеален временски период за опоравување на нашето тело и мускули.

Сепак, се чини дека овој ритам на спиење не одговара на сите. Некои од најголемите умови спиеле наизменично во текот на денот и непрекинато само 2 часа или пак, 5 часа.

Научникот Никола Тесла спиел само 2-3 часа на ден. Уметникот Леонардо да Винчи спиел само 1,5-2 часа дневно и дремел 15 минути на секои 4 часа, додека Њутн спиел 3-4 часа.

Има многу други примери на генијални луѓе кои заради времето потребно за работа, креативноста и истражувањата кои ги правеле , жртвувале часови сон и така го живееле целиот свој живот.

Се претпоставува дека, на повеќето луѓе им требаат околу 7,5 до 8 часа сон. Се верува дека подолготрајното и пократкото спиење негативно влијае на општото здравје на една личност.

Од друга страна, се знае дека постојат значителни варијации. Познато е дека на некои луѓе, тоа се таканаречените „кратки спијачи“, им требаат 2 до 3 часа сон за нормално функционирање (Никола Тесла спиел околу 2,5 до 3 часа, а Томас Алва Едисон околу 2,5 часа.

Неврологот д-р Славко М. Јанковиќ наведува дека е познато дека Едисон дремел 45 минути во својата лабораторија околу пладне, додека Тесла не, па Едисон спиел подолго од Тесла.

Некои луѓе спаѓаат во групата на „долго спијачи“, па за добро функционирање им требаат од 10 до 11 часа сон во текот на ноќта.

Ако спиете уште подолго, се смета дека постои патолошка состојба наречена „хиперсомнија“, која бара дополнителни медицински испитувања за причината. Ако не спиете доволно долго или сонот е неквалитетен, тогаш станува збор за несоница.

Еден просечен современ човек одлучи да го испроба овој метод на полифазен сон. Првите два дена беше многу уморен и ја изгуби концентрацијата и волјата да направи некоја од претходните секојдневни активности.

Што му се случило за време на експериментот и до каков заклучок дошол, погледнете во видеото:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!