Вие имате прво да ја знаете вистината

Ајс Кјуб изгубил улога од девет милиони долари оти не сакал анти-Ковид вакцина

– Раперот-глумец О’Шеј Џексон, многу попознат како Ајс Кјуб, потврди дека изгубил работа вредна девет милиони долари бидејќи одбил да се вакцинира против коронавирусот. Имено, во интернет-емисијата „Милион долаз“ (Million Dollaz Worth of Game), Ајс откри како требало да глуми во комедијата „О, по ѓаволите, не“ (Oh Hell No), но го изгониле проектот затоа што не сакал да се вакцинира против Ковид-19.

– Одбив да глумам во тој филм затоа што не ја сакав таа проклета вакцина. Одбив девет милиони долари. Не сакав да ме боцкаат. З**би вакцина. Нека „се г**ат“ сите тие што сакаат да ме натераат да се вакцинирам. Не знам што мисли Холивуд за мене сега, рече Ајс Кјуб.

Натаму пак, тој вели дека всушност не ја одбил улогата, туку продуцентите го избркале.

– Вие копилиња не сакавте да ми дадете улога затоа што не сакав да се вакцинирам. Не одбив да глумам, ме отпуштија. Таа вакцина против Ковид, таа инјекција… Не ми треба. Јас дури и не добив корона на крајот, нагласи раперот.

Потоа беше прашан дали, поради овој несакан настан, размислува да го напушти Холивуд и да се префрли на стрим-платформите?

– Работам на нешто, се занимавам со хемија. Имам „ас во ракавот“!, изјави Ајс Кјуб.

Филмот, инаку, сѐ уште е во претпродукција, сега со наслов „Stepdude“ („Другар-посинок“). Како глумец е најавен само комичарот Џек Блек.

Инаку, малку иронично – во 2020 година, во екот на пандемијата, Кјуб беше голем поборник за носење маски, со печатењето маици со натпис „Биди внимателен пред да бидеш уништен“. И во 2021 година, тој даруваше 2.000 маски на колеџот Бејкон во Оклахома.  

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!