Вие имате прво да ја знаете вистината

АКТ НА ТЕРОР! Зеленски: Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади

Украина ќе побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која тема ќе бидат најновите руски напади врз капацитетите за производство на електрична енергија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Убиството на цивили и уништувањето на цивилната инфраструктура се акти на терор. „Украина ќе продолжи да бара одлучен одговор од светот на овие злосторства“, напиша Зеленски на Твитер.

Украинската државна агенција за атомска енергија „Енергоатом“ објави претходно денеска дека неколку единици на украинската нуклеарна централа „Пивденукраинскаја“ биле затворени поради губење на струја за време на руските воздушни напади низ Украина.

Серија експлозии одекнаа претходно денеска во Киев, а експлозии се слушнаа и во регионите Дњепропетровск и Миколаев, каде беа пријавени неколку удари.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко потврди дека имало напад на клучна цивилна инфраструктура, а по експлозиите на некои места дошло до прекин на електричната енергија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!