Вие имате прво да ја знаете вистината

Белгиски научници открија третман против резистентен меланом

Нов експериментален третман на онкологија на Универзитетските Клиники во Брисел се тестира против резистентен вид на меланом, објави белгиската државна агенција Белга.

Резултатите биле охрабрувачки, и клиниките ќе продолжат со тестови и идната година, соопшти универзитетската болница во Брисел.

Како што објасни шефот на одделот за онкологија, Барт Нејнс, станува збор за инјектирање на клетки кои му помагаат на имуниот систем да се одбрани од канцер во самиот тумор, се инјектира и синтетички агенс за зајакнување на имунитетот.

Клиничките тестирања биле фокусирани на пациенти заболени од меланом со метастази на кожата и на лимфните жлезди. Кај двајца од осумте пациенти сите метастази исчезнале, а кај трет пациент болните клетки исчезнале а метастазите се намалиле за половина после 12 недели третман. Овие резултати се сметаат за “многу охрабрувачки“.

Сите пациенти од тестирањата се сметале во завршна фаза затоа што ниеден третман немал ефект кај нив.

-Фактот што некои од нив сега се излечени има многу посебно значење, изјави професорот Нејтс

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!