Вие имате прво да ја знаете вистината

Голем пад на цената на нафтата на светскиот пазар

Цените на нафтата денеска паднаа за повеќе од четири отсто бидејќи Г7 ги ограничи цените на руската нафта и откако залихите на гориво во САД пораснаа повеќе од очекуваното.

Барел нафта од типот Брент за испорака во јануари падна за 3,47 долари и сега чини 84,89 долари, додека барел сурова нафта во САД падна на 77,63 долари.

Залихите на гориво во САД се зголемени за 3,1 милиони барели, покажуваат податоците на американската Администрација за енергетски информации. Аналитичарите очекуваа зголемување на залихите од само 383.000 барели.

На цените дополнително влијаеше информацијата дека членките на Групата седум размислуваат да ја ограничат цената на руската нафта на 65 до 70 долари за барел, изјави еден европски функционер.

Ова ниво во моментов е повисоко од цената по која руската нафта се продава на пазарот. Еден барел сурова нафта од Урал моментално чини меѓу 62 и 63 долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!