Вие имате прво да ја знаете вистината

Град во Италија нуди грантови и разни бонуси за оние што сакаат да живеат таму

За сите кои сакаат да се преселат во Италија, мало гратче нуди 30.000 евра.

Пресиче-Акварика има многу напуштени домови. Гратчето вети грантови за луѓето кои ќе купат куќа и ќе се регистрираат како жители на градот. Важно е да знаете дека се наоѓа на јужниот дел на италијанскиот регион Пуља. За да можат да аплицираат, поединци или семејства мора да го преселат својот официјален престој во јужниот италијански град. Од нив се бара да инвестираат во куќа изградена пред 1991 година, што е околу 30 отсто од имотот во градот, пишува еуроњус.

Трошоците за купување ќе бидат субвенционирани од грантот обезбеден од градскиот совет. Финансиската помош може да се искористи и за покривање на трошоците за реновирање.

Исто така, советот нуди стимулации за да помогне во борбата против стареењето на населението во градот. Градот ќе додели по 1.000 евра за секое новороденче.

Ова не прв ваков случај, затоа што и претходно италијански градови и села нудеа субвенции за нови жители. На огласите се јавиле жители од различни земји од светот.

Властите на италијанскиот остров Сардинија одлучија да преземат драстични мерки за да привлечат нови жители во руралните средини. Откако некои делови од Италија веќе решија да им платат на луѓето за да ги привлечат на тој начин, на ист начин почнаа и на Сардинија, пренесуваат италијанските медиуми.

Лани се продаваа куќи за 1 евро близу морето. Станува збор за селото Пратола Пелиња, оддалечено околу 150 километри од главниот град Рим.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!