Вие имате прво да ја знаете вистината

ЛУЃЕТО 5 МИНУТИ ПРЕД СМРТТА НАЈМНОГУ ЖАЛАТ ЗА ОВИЕ РАБОТИ! Поранешен алкохоличар ја откри суровата вистина – повеќето од 10-те работи погрешно ги правиме

Поранешен алкохоличар и зависник откри за што најмногу жалат луѓето пред смртта!

Луѓето дури кога ќе изгубат нешто или некого или кога се поблиску до смртта обично сфаќаат колку им значело тоа. Бидејќи не постои можност за враќање на времето, обично се јавува жалење и каење за пропуштеното.

Поранешниот алкохоличар и зависник, Мартин Отоле, денес многу успешен автор и мотивационен говорник, само ги прашал сите свои следбеници и другите луѓе во емисијата што ја води преку Интернет, за што најмногу би зажалиле доколку им снема време или некој им каже дека ќе умрат многу брзо.

„Сите ние имаме приказна, а тие ретко звучат како бајки. И додека упорно го просејуваме минатото, понекогаш кажуваме и правиме работи за кои подоцна се каеме. Или се каеме што не сме кажале и направиле. Но, си помислил, за што најмногу би зажалил ако ти снема време, ако некој ти каже дека брзо ќе умреш?“, прашал Мартин.

Денес, тој е домаќин на подкаст наречен „Како да умреш среќен“ во кој споделува инспиративни и корисни совети за здрав и среќен живот. Откако доби бројни одговори од неговите следбеници, тој набрзо ги сподели со другите:

„Тие жалат за неуспесите, пропуштените можности и неможноста да ги обезбедат оние што ги оставаат зад себе. Во последната фаза, луѓето често жалат за животите што не ги живееле“, рече тој, а потоа истражувајќи различни книги и искуства на луѓето, објави список на работи за кои луѓето најмногу жалат пред да се соочат со смртта:

  1. Посакувам подобро да се грижев за моето тело
  2. Посакувам да живеев поискрено
  3. Посакувам да имав храброст да ги изразам моите чувства
  4. Требаше повеќе пати да кажам „те сакам“.
  5. Посакувам да го испуштев гневот
  6. Посакувам да работам помалку и да поминувам повеќе време со моето семејство
  7. Посакувам да останав во контакт со моите пријатели
  8. Посакувам да бев подобра личност
  9. Посакувам многу порано да сфатив дека среќата е прашање на избор
  10. Посакувам да ги следев моите соништа


На крајот, тој ги советуваше сите луѓе да размислат за што најмногу би зажалиле доколку им останат уште пет минути живот, без разлика на која возраст се, и додаде дека тоа е одличен начин да сфатите што правите погрешно во животот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!