Вие имате прво да ја знаете вистината

Новинарка поднесе пријава за силување против Трамп

Новинарката Е. Џин Керол, која претходно го обвини поранешниот американски претседател Доналд Трамп за силување, поднесе тужба против него во Њујорк.

Тужбата дојде само неколку минути откако стапи на сила новиот државен закон, дозволувајќи им на жртвите на сексуален напад да тужат за напади што се случиле пред неколку децении.

Адвокатот на Керол ги поднесе правните документи по електронски пат бидејќи вообичаените рокови за поднесување тужба за сексуален напад беа привремено суспендирани на една година, пренесе АП. Керол бара компензација и казнена отштета за болка и страдање, психолошка повреда, губење на достоинството и оштетување на угледот.

Керол, долгогодишна колумнистка за совети за магазинот „Ел“, првпат се појави со наводите за силување во книга од 2019 година, тврдејќи дека Трамп ја силувал во соблекувалната на луксузната стоковна куќа на Менхетен во 1995 или 1996 година.

Трамп одговори на наводите од книгата велејќи дека тоа никогаш не можело да се случи, бидејќи Керол не е негов тип на жена.

Забелешките на Трамп го поттикнаа Керол да поднесе тужба за клевета против него, но таа тужба е во апелационите судови бидејќи судиите одлучуваат дали претседателот е заштитен од правна постапка за коментарите дадени додека бил на функцијата, потсетува американската агенција.

На Керол претходно со државниот закон и’ беше забрането да тужи поради наводното силување бидејќи поминаа премногу години од инцидентот.

Но, новиот закон на државата Њујорк, сепак, им дава втора шанса на жртвите на сексуален напад кои го пропуштиле статутот на застареност да поднесат тужба.


Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!