Вие имате прво да ја знаете вистината

ОВА СЕ АЛБАНЦИТЕ НА ЧЕЛО НА НАРКО КЛАНОТ КОЈ ШВЕРЦУВАЛ ДРОГА ПРЕКУ СРБИЈА: Нови детали за заплената на 80 килограми наркотици во Ниш (ВИДЕО)

Џемаили Илијази и Агим Реџепи се осомничени дека биле на чело на криминална група каде биле откриени 80 килограми марихуана.

Осомничениот двоец е од Прешево, а претходно биле осудени на повеќегодишна затворска казна за трговија со дрога, дознава Курир.

Полицијата во Ниш го уапсила И.П.(29) откако во камионот што го управувал биле пронајдени 30 килограми дрога . Во продолжение на акцијата уапсени се уште петмина осомничени.

– Се сомнева дека Илијаз и Реџепи биле водачи на кланот, а шестмината мажи кои се уапсени како членови на групата се од Србија. Има сомнеж дека од Албанија набавувале марихуана на месечно ниво и по неколку стотици килограми, а потоа по нелегални канали ја прошверцувале во Србија, а потоа ја префрлале во Турција – вели извор од истрагата.

При претрес на станови и други простории кои ги користеле во Ниш, запленети се 50 килограми марихуана. Се сомнева дека возачот на камион ИП по наредба на членовите на групата требало да пренесе дрога во Турција.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!