Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОДВИК ЗА ИСТОРИЈАТА – Роналдо долго ќе ја памети Гана: Постави импресивен рекорд и повторно „се претвори“ во селектор

Кристијано Роналдо постигна гол вечерва против Гана на отворањето на Светското првенство во Катар.

Роналдо е првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал гол на пет последователни светски првенства. Тој погоди од пенал во победата од 3:2 против Гана.

Капитенот на Португалија го отвори резултатот во 65. минута од пенал, а потоа до крајот видовме уште два гола на двете страни за успешен старт на Мундијалот за португалската репрезентација.

Интересна сцена беше видена на крајот од натпреварот, која ја видовме некогаш одамна. Имено, Роналдо повторно се „претвори“ во тренер и по напуштањето на играта ги бодреше соиграчите на теренот.
По тој повод, Роналдо му се придружи на тренерот Фернандо Сантос и им даде инструкции на соиграчите во близина на линијата на допир. Истото го направи и во финалето на ЕП 2016 кога неговата репрезентација ја освои титулата европски првак.

На крајот, неговиот колега голман Диего Коста направи голема грешка и за малку ќе и подареше изедначување на Гана на 3:3, но се одбрани. За тоа време Роналдо доживеа своевидна траума на клупата, а неговата реакција брзо го обиколи светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!