Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради загадениот воздух, во 2020 година прерано починале 238.000 Европејци.

Најмалку 238.000 луѓе во Европската унија починаа предвреме во 2020 година поради загадениот воздух, и покрај тоа што квалитетот на воздухот генерално се подобрува.

Најмалку 238.000 луѓе во Европската унија починале предвреме во 2020 година поради загадениот воздух, и покрај тоа што квалитетот на воздухот генерално се подобрува, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Аналитичарите на агенцијата посочуваат дека загадувањето на воздухот е „најголемиот здравствен ризик во Европа и дека значително влијае на здравјето на Европејците, особено во градовите“, и покрај тоа што најголемите загадувачи ги намалија своите емисии, пренесува Хина.

Според ЕЕА, најмалку 238.000 луѓе починале предвреме во 2020 година поради изложеност на PM2,5, при што 96 отсто од населението во градот е изложено на нивоа над препораките на СЗО.

Намалување на бројот на починати

Во исто време, азот диоксид предизвика 49.000 предвремени смртни случаи, а изложеноста на озон 24.000, вели ЕЕА.

Сепак, бројот на предвремени смртни случаи поради изложеност на PM2,5 падна за 45 проценти од 2005 до 2020 година.

„Ако трендот продолжи, се очекува ЕУ да ја постигне целта за намалување на бројот на предвремени смртни случаи за 55 отсто до 2030 година“, се вели во извештајот.

„Сепак, потребни се дополнителни напори за да се исполни целта за нулта загаденост до 2050 година или намалување на загадувањето на воздухот до нивоа што не се штетни за здравјето“, додава ЕЕА.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!