Вие имате прво да ја знаете вистината

Русите и Украинците тајно се сретнале?

Претставници на Русија и Украина се сретнале тајно, јавуваат светските медиуми.

Како што јави новинската агенција „Ројтерс“, тие минатата недела се сретнале во Обединетите Арапски Емирати за да разговараат за можна размена на затвореници, која би била поврзана со продолжување на извозот на руски амонијак во Африка и Азија, преку украинскиот гасовод.

Изворите наведоа дека разговорите биле посредувани од заливската земја и дека Обединетите нации не биле вклучени, и покрај фактот што ОН одиграле централна улога, заедно со Турција, во потпишувањето на Договорот за извоз на жито и вештачки ѓубрива од Украина. и Русија.

Руските и украинските делегации отпатуваа во Абу Даби на 17 ноември, каде што разговараа за продолжување на извозот на руски амонијак, а за возврат за ослободување на голем број украински затвореници, како и руски, додаваат изворите. Ројтерс истакнува дека се уште не може да утврди колкав напредок е постигнат за време на разговорите.

Украинскиот амбасадор во Турција, Васил Боднар, изјави за британската новинска агенција дека „ослободувањето на украинските затвореници е дел од преговорите поврзани со рускиот извоз на амонијак“, но додаде дека не знаел дека таква средба се одржува во Емирати.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ, министерствата за одбрана и надворешни работи на Русија и Украина не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар. Извозот на руски амонијак би одел преку постоечкиот гасовод до Црното Море. Гасоводот е изграден за да испумпува 2,5 милиони тони амонијак годишно од рускиот регион Волга до украинското пристаниште Пивдени, кое на руски е наречено Јужни, во близина на Одеса.

Терминалот беше затворен за странски клиенти кога Русија ги испрати своите војници во Украина на 24 февруари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!