Вие имате прво да ја знаете вистината

Светски самит и саем на халал економијата во Истанбул

Халал пазарот, кој со своите чисти, здрави, доверливи производи и услуги доби на важност во глобалното конкурентско опкружување, стана сектор кој не го преферираат само муслиманите, туку сите групи на потрошувачи, порача турскиот претседател Ердоган.

Во Истанбул денес започна 8. Светски самит на халал стопанството и 9. Саем халал експо на Организацијата за исламска соработка (ОИС) кој ги собира претставниците на халал економијата.

Настанот е организиран во соработка со Исламскиот центар за развој на трговијата (ICDT) и Институтот за стандарди на исламските земји (SMIIC). На отворањето присуствуваше и турскиот министер за трезор и финансии Нуредин Небати.

Собирот се одржува под покровителство на Претседателството на Туркије, а оваа година се одржува под мотото „За одржлива трговија: Истражете го развојот на глобалната халал индустрија со сите нејзини аспекти“.

На учесниците на почетокот им е прочитана и пораката која ја упати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Халал пазарот, кој со своите чисти, здрави, доверливи производи и услуги доби на важноста во глобалното конкурентско опкружување, стана сектор кој не го преферираат само муслиманите, туку и сите групи на потрошувачи. Нека бидат продуктивни самитот и саемот кои ги организираме за да Туркије стане централна земја во халал економијата, како и за развој на халал трговијата и за отворањето на новите пазари. Им честитам на сите кои придонесоа во организацијата на Светскиот самит на халал стопанство и 9. ОИС Халал Експо, кој ќе ги собере сите светски производители на халал економијата“, порача турскиот претседател Ердоган.

TRT Balkan 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!