Вие имате прво да ја знаете вистината

СП2022: Саутгејт – Кејн ќе биде подготвен за дуелот против САД

 Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Гарет Саутгејт изјави денеска оти капитенот Хари Кејн ќе биде подготвен за натпреварот од второто коло на Светското првенство против САД.

-Хари се чувствува добро. Денеска повеќе работеше индивидуално. Сè е добро за в петок вечер. Вчера беше не скенер за да се увери дека сè е во ред“, изјави Саутгејт.

Кејн го повреди скочниот зглоб во второто полувреме на натпреварот против Иран, кој Англија го реши во своја корист со 6-2. Кејн се пожали на повреда во 50. минута, а 15 минути пред крајот на натпреварот беше заменет со Калум Вилсон.

Англија во рамки на второто коло во Групата Б ќе игра против САД, в петок од 20 часот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!