Вие имате прво да ја знаете вистината

Телескопот „Џејмс Веб“ детално ја сними атмосферата на вонсончева планета

Преку снимките кои ги сними овој телескоп, откриен е профилот на компонентите на атмосферата и се откриени бројни компоненти, вклучувајќи и сулфурен диоксид.

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА детално ја сними атмосферата на вонсончева планета.

Според веста објавена на интернет-страницата на НАСА, благодарение на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, детално е испитувана атмосферата на вонсончевата планета наречена „WASP-39b“, која се наоѓа на далечина од 700 светлосни години.

Преку снимките кои ги сними овој телескоп, откриен е профилот на компонентите на атмосферата и се откриени бројни компоненти, вклучувајќи и сулфурен диоксид.

Во овие рамки, НАСА сподели претходно невиден поглед на атмосферата на една вонсончева планета.

На 26 август за првпат беше откриен јаглероден диоксид во атмосферата на вонсончевата планета „WASP-39b“ која се наоѓа надвор од Сончевиот Систем.

Се истакнува дека „WASP-39b“ поседува маса слична на Сатурн, додека големината е една третина од големината на Јупитер.

TRT Balkan / агенции

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!