Вие имате прво да ја знаете вистината

Зеленски: Уништувањето на инфраструктурата нема да не ослабне; Москва тврди дека цивилните објекти не се цел

Зеленски: Уништувањето на инфраструктурата нема да не ослабне; Москва тврди дека цивилните објекти не се цел.

Струјата и водата постепено се враќаат во украинските градови, вклучително и Киев, откако, според тврдењата на украинските власти, проблеми во снабдувањето со електрична енергија настанале поради руските ракетни напади, пренесува Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да преземе акција за да ги  запре руските напади врз критичната инфраструктура , кои повторно предизвикаа масовни прекини на струја низ Украина.

Зеленски, исто така, рече дека новата стратегија за уништување на украинската инфраструктура, која Русија ја спроведува, нема да ја ослабне нивната решеност за ослободување на териториите.

Од друга страна, рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја одговори дека штетата на инфраструктурата на Украина е предизвикана од ракетите на украинскиот систем за противвоздушна одбрана, кои паднале во цивилни области.

Руското Министерство за одбрана негираше дека руските сили го нападнале Киев во средата, тврдејќи дека штетата во градот е резултат на паѓање на украински проектили. Истовремено, Москва објави дека Русија не напаѓала, ниту напаѓа цивилни објекти во Украина.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската унија го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија. Во последната размена Киев и Москва ослободија по 50 затворениц.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!