Вие имате прво да ја знаете вистината

Ковачевски: Тутунопроизводството е исклучително важно, од тоа егзистираат речиси 20.000 семејства и носи околу 120 милиони евра девизен прилив годишно во македонската економија

Тутунопроизводителите ни се исклучително важни. Од оваа гранка егзистираат речиси 20.000 семејства и таа носи околу 120 милиони евра девизен прилив годишно во македонската економија.

Со гордост информирам дека во моментов просечната откупна цена на тутунот е 252,80 ден за килограм а споредено со 2021 година е повисока за 26,12%.

Последните 5 години имаме историски највисоки откупни цени на тутунот. Споредено со 2014 година откупната цена била 117, 20 денари за килограм, за оваа 2022 година, цената е повисока за 115,7 %. Со сите дополнителни мерки ние покажуваме што значи сериозна посветеност на една држава кон земјоделските производители.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!