Вие имате прво да ја знаете вистината

Која е сопругата на катарскиот шеик? Ја нарекуваат кралица на стилот, а тоа го докажа и на Светското првенство (фото)

Моза бинт Насер им посака добредојде на сите преку Инстаграм: „Дојде време. Добредојдовте во Катар и со среќа на сите“

Овие денови сите погледи се вперени во Катар каде што се одржува Светското првенство. На отворањето присуствуваше и Моза бинт Насер, сопруга на шеихот Хамад бин Калифа Ал Тани, поранешен емир на Катар и мајка на сегашниот емир Тамим бин Хамад Ал Тани.

63-годишната жена се појави во долг бордо прада сатенски фустан, кој го комплетираше со сако во иста боја и шал. Својот аутфит го зачини со блескав брош и накит и брендирана кожна чанта.

Моза бинт Насер им посака добредојде на сите преку Инстаграм: „Дојде време. Добредојдовте во Катар и со среќа на сите“, напиша таа во описот на фотографиите на кои е со сопругот и децата.

Моза бинт Насер, која исто така е ко-основач и претседател на Катарската фондација, се омажи за шеихот Хамад во 1977 година. Џавахер бинт Хамад, првата сопруга и сопруга на шеихот Тамим, на отворањето на првенството ги прими сопругите на светските лидери од земјите учеснички.

„Вечерва го прославивме светот преку моќта на фудбалот. Не можев да бидам повеќе горда на нашиот лидер, мојот брат – целото мое семејство – мажите и жените кои работеа дење и ноќе за овој момент. 12 години Катар беше неправедно нападнат – поради некоја причина овие критичари веруваа дека арапска и муслиманска нација не е способна да биде домаќин на таков турнир. Ние ја поставивме границата вечерва високо и La3eeb е подготвен да ве однесе на патување на животот. Подготвени сме да ги пречекаме сите оние кои се тука и оние што допрва ќе пристигнат во наредните недели“, напиша на Инстаграм Ал-Мајаса бинт Хамад, сестра на шеихот Тмим и ќерката на Моза.

Кој е Моза бинт Насер?

Сопругата на шеихот Хамад често ја нарекуваат „кралица на стилот“, а во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени во светот. Таа е родена во 1959 година, а нејзиниот татко бил истакнат катарски бизнисмен и лидер на опозицијата за време на владеењето на Калифа бин Хамад бин Абдула Ал Тани.

Таа е позната по својата работа во областа на здравството и образованието, а во 1995 година ја основа Фондацијата за образование, наука и развој на заедницата. Има добиено и бројни меѓународни награди и почести.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!