Вие имате прво да ја знаете вистината

ЛОРЕН ПАУЕЛ ЏОБС – Вдовицата на Џобс по долго време во јавноста: Шопинг, јахта од 120 милиони долари…

Покрај споменатата јахта, Пауел поседува и два приватни авиони, четири големи имоти и голем удел во компанијата Волт Дизни.

Вдовицата на основачот на Apple, Стив Џобс, Лорин Пауел Џобс, била забележана на нејзината луксузна јахта вредна 120 милиони долари додека одмарала на Барбадос.

Пауел (59) неделното попладне го поминала во посета на рестораните, продавниците и базените на луксузниот хотел со пет ѕвезди. Милијардерката била видена како се качува на јахтата Венера откако пазарела во шорцеви, кошула и со капа на главата.

Пауел остана вдовица откако Џобс почина на 56-годишна возраст од компликации од рак на панкреасот. Заедно имаа три деца, а Пауел е и маќеа на ќерката на Џобс, Лиза Бренан-Џобс. Кога умрел, таа го наследила најголемиот дел од неговиот имот и на тој начин станала една од 50-те најбогати луѓе во светот.

Тие се венчаа во 1991 година, а нејзиното богатство се проценува на 12,3 милијарди долари. Покрај споменатата јахта, Пауел поседува и два приватни авиони, четири големи имоти и голем удел во компанијата Волт Дизни. Луксузната јахта Венера беше последното „ремек дело“ на Стив Џобс, кое тој го нарача во 2008 година и макотрпно работеше на нејзиниот дизајн со францускиот дизајнер Филип Старк. За жал, тој не доживеа да ја види завршена или да го види нејзиното прво едро бидејќи умре една година пред да се завршат сите работи на неа.

Во последните години, Џобс му рекол на својот биограф Волтер Ајзаксон: „Знам дека е можно да умрам и да ја оставам Лорин со полуизграден брод. Но, морам да го направам тоа, но ако не го сторам тоа значи дека наскоро ќе умрам“.

Јахтата има, меѓу другото, шест спални соби кои содржат системи за комуникација помеѓу детските соби во предниот дел на јахтата и делот за возрасни во задниот дел.

“Стив сакаше да се увери дека тинејџерите се ставени во предниот дел на чамецот додека тој е назад и обратно. Беше опседнат со тишина. Во неговата куќа децата не правеа врева, ниту кучето, ниту неговата сопруга… Никој никогаш не правел врева“, откри Старк.

Јахтата може да прими 12 гости и содржи 6 апартмани, а на бродот има 22 членови на екипажот. Внатрешноста е опремена со Mac компјутери, а секоја кабина има големи прозорци. Во знак на благодарност, семејството Џобс на секој член на екипажот кој помогнал во изградбата на јахтата му подарил прилагоден iPod Shuffle на кој е изгравирано името на бродот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!