Вие имате прво да ја знаете вистината

Научниците ја решија енигмата за мистериозната смрт на Брус Ли: “Конечно откривме зошто умре”

Легендарниот Брус Ли бил убиен од вода? „Пиеше големи количини и користеше канабис што ја зголемува жедта“

Педесет години по мистериозната смрт на Брус Ли, лекарите веруваат дека конечно ја пронашле причината за смртта. Клетките во неговото тело биле отечени, вклучувајќи го и мозокот, што резултирало со смрт, а сето тоа се случило поради прекумерно внесување на вода во телото. Таа вечер луѓето околу него забележале дека постојано консумира вода, а мешал и разни опијати со апчиња.

Брус Ли почина на 32-годишна возраст во летото 1973 година додека беше во Хонг Конг. Аутопсијата во тоа време покажала дека Брус починал од оток на мозокот, за што лекарите ги обвинија лековите против болки. Неговата прерана смрт ги поттикна гласините дека можеби бил убиен од кинески гангстери, отруен од љубоморен љубовник или жртва на проклетство. Друга теорија беше дека тој починал од топлотен удар.

Сега истражувачите ги разгледале доказите за да заклучат дека Брус најверојатно починал од хипонатремија.

  • Со други зборови, сугерираме дека неможноста на бубрегот да излачува вишок вода го уби Брус Ли – изјави експертот за Clinical Kidney Journal.

Хипонатремија значи дека нивото на натриум во крвта, што му е потребно на телото за рамнотежа на течности, е ненормално ниско. Нерамнотежата предизвикува отекување на клетките во телото, вклучувајќи ги и оние во мозокот.

Студијата тврди дека Брус имал повеќе фактори на ризик за хипонатремија, вклучително и пиење големи количини течности, употреба на канабис, кој ја зголемува жедта, како и други фактори кои ја намалуваат функцијата на бубрезите како дрога и алкохол.

Неговата сопруга Линда откри дека Брус имал течна диета со сок од морков и јаболко пред неговата смрт, а Метју Поли, кој ја напишал биографијата на Брус Ли, споменува постојано консумирање вода ноќта кога умрел.

  • Претпоставуваме дека Брус Ли починал од специфична форма на бубрежна дисфункција: неможност да се излачува доволно вода за да се одржи хомеостазата на водата, која главно е тубуларна функција. Ова може да доведе до хипонатремија, церебрален едем (оток на мозокот) и смрт во рок од неколку часа, ако прекумерното внесување вода не се совпадне со уринарна екскреција на вода, што е во согласност со временската рамка на смртта на Ли, заклучува студијата.

Тие напишале дека бидејќи бил забележан како пиел големи количини вода на денот на неговата смрт, сигурно земал огромни количини, инаку никој не би забележал.

– Иронично, Ли се прослави со цитатот „Биди вода мој пријателе“, но изгледа дека вишокот вода на крајот го уби – напишале тие.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!