Вие имате прво да ја знаете вистината

Пожар во станбена зграда во Кина, најмалку 10 лица загинаа

Најмалку десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во кинеската провинција Ксинџијанг, јави новинската агенција Ксинхуа.

Пожарот избувнал синоќа околу 19:50 часот по локално време.

Според извештајот, повредените не се во животна опасност.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!