Вие имате прво да ја знаете вистината

Северна Македонија стана членка на GFCE, светска мрежа за интернационална соработка и градење на капацитети за сајбер безбедност

На иницијатива на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Северна Македонија стана 103-та членка на Глобалниот форум за сајбер експертиза (ГФЦЕ), во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата сајбер безбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема, информира владината прес-служба.

Владата со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на ГФЦЕ работат на четири теми – политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од сајбер напади,сајбер криминал, сајбер култура и градење капацитети.

– Преку ГФЦЕ ќе се работи на зголемување на меѓународната соработка и координација на Владата и организациите кои даваат поддршка и работат на сајбер темата во Северна Македонија, за што ГФЦЕ има изработено платформа за мониторинг и координација на проектит е и активностите, велат од Владата.

Сајбер безбедноста, нагласуваат, е клучен елемент во одбраната на секоја држава.

– Од исклучително значење за Република Северна Македонија е зајакнување на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на сајбер безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади, се вели во денешното соопштение од Владата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!