Вие имате прво да ја знаете вистината

Урнебесната снимка од “женскиот Додик” стана хит во регионот: На спикерката во Република Српска и Талат Џафери може “вода да и носи” (видео)

Наташа Радуловиќ им се обрати на претставниците на опозицијата на прилично бизарен начин

Минатата недела во Бања Лука се одржа конститутивната седница на новото свикување на Народното собрание на Република Српска, а поради необичниот начин на комуникација со претставниците, видео снимките на спикерката Наташа Радуловиќ станаа хит во регионот.

Радуловиќ, инаку член на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик, како најстар претставник на Народното собрание на Република Српска, беше назначен за шеф (претседавач) на парламентот на ентитетот на босанските Срби до назначувањето на нов претседател.

Нејзината премиерна седница остана запаметена токму по нејзиното однесување, а помалку по дискусијата која падна во втор план, пренесува Н1. Имено, Радуловиќ на прилично бизарен начин им се обрати на претставниците на опозицијата, особено на Небојша Вукановиќ и на неговиот сопартиец Ѓорѓе Вучиниќ, порачувајќи им „ало дечко, прекини“ и слично.

„Лутете се колку сакате, ќе ве прекинам. Станува збор за кандидатот за претседател на Собранието. Ние овде не зборуваме за кражба или избори или нешто друго, а пред малку ве слушав и зборувавте толку убаво“, му рече таа на Игор Црнадек, кој ја спомена кражбата на гласови на неодамна одржаните избори во Босна и Херцеговина.

Во продолжението на седницата, Радуловиќ неколкупати ги повика претставниците на кои им се обраќаше со „ти“, да бидат „достоинствени“. „Бидете достоинствени денеска, ова е свечена седница, ќе имаш можност да се бориме“, им рече таа откако сите заедно дадоа заклетва.

Откако Вукановиќ во една од дебатите и кажа дека не може да му го одземе зборот, Радуловиќ го прекина. „Добро е, се разбравме, не можам, ти отиде од лево кон десно, треба да одиш право, ќе го направиме тоа подоцна“, рече таа.

А откако пратеникот Вучиниќ му рече да му го врати времето, таа му одговори: „Колку ти треба? Половина час? Ти си нов претставник, требаше да научиш. Немој да правиме дуел“, одговори таа, а на крајот од неговиот говор рече: „Ајде, млад си, биди коректен, се ни е јасно што сакаше да кажеш. Кога ќе го избереме господинот Стевандиќ, тогаш можеш да зборуваш што сакаш. Ќе коментиреш кога ќе биде избран како сакаш“. А на прашањето „како“ кога не дозволува, таа замавна со раката и рече „лесно“.

На Вучиниќ, пак, му се обрати со дечко ( момче), а кога и рекол дека не знае да ја води седницата, таа му рекла: „Добро ги учев таквите како тебе“.

Откако и се обрати Небојша Вукановиќ, следеше неверојатен одговор.

„Немој да ме крстиш, ќе ти го одземам зборот. Одземете му го зборот на Вукановиќ, не дозволувам провокации. Не оди наоколу, сега ќе те исфрлам. Ќе те отстранам од седницата. Биди коректен“.

Речникот на Наташа Радуловиќ изобилува со архаични изрази како „оѓе(ođe)“, „како гој“, „обадати“, како и со неправилно изговорени термини како „констутативно“. Тоа не ја спречи во последниот мандат да биде член на Комисијата за образование, наука, култура и информирање, како и на Комисијата за политички систем, правда и администрација.

Медиумите во Босна и Херцеговина пишуваат дека Радуловиќ е родена во 1951 година во Пирот, Србија, а живее во Бања Лука. Таа е истакнат член на СНСД во Бања Лука, а неколку мандати е и претставник во Собранието на РС.

Радуловиќ во претходниот мандат не зборуваше често, а кога зборуваше даваше контроверзни изјави. Таа на тогашната колешка од собраниските клупи Јелена Тривиќ и порача дека ако не ја сака власта, да си замине од државата. „Кој не ја сака оваа влада, има опција да ја напушти оваа земја“, рече Радуловиќ, по што Тривиќ рече: „Нема да ме избркате“.

Да потсетиме, Јелена Тривиќ беше кандидат на опозицијата на Милорад Додик на изборите за претседател на Република Српска. По бројни контроверзии, Додик ја победи Тривиќ, потврди Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) на крајот на октомври.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!