Вие имате прво да ја знаете вистината

Џеј Лено пуштен од болница по тешки изгореници: Лекарите ја открија неговата состојба

При пожарот кој избувнал во гаражата од неговата куќа, тој се здобил со изгореници на лицето, градите и рацете и бил опериран

Поранешниот водител на „Tonight Show“ Џеј Лено (72) е пуштен од болница откако пред десет дена се здоби со изгореници во пожар. Како што пренесува Си-Ен-Ен, тој во понеделникот бил пуштен од Центарот за изгореници Гросман во Лос Анџелес на домашна нега. Членовите на лекарскиот тим кој се грижеше за Лен објавија и фотографии на кои позираат со познатото ТВ лице.

– Комичарот Џеј Лено денеска е отпуштен од Центарот за изгореници Гросман – соопштија од болницата преку соопштение за медиумите.

„Џеј ќе добие дополнителна нега во амбулантската клиника на Гросман за изгореници на лицето, градите и рацете што ги здоби за време на пожарот што избувна во гаражата на неговиот дом“, додаваат тие.

Лено, страствен колекционер на автомобили, работел под возилото кога избувнал пожарот. Тој беше подложен на две операции за лекување на повредите, објави неговиот лекар д-р Питер Гросман.

  • Среќен сум со напредокот на Џеј. Оптимист сум, тој целосно ќе закрепне, изјави Гросман во понеделникот.
  • Џеј сака да им каже на сите колку е благодарен за грижата што ја доби и навистина ги цени сите добри желби што му ги испраќате. Тој со нетрпение очекува да го помине Денот на благодарноста со семејството и пријателите и на сите им посакува прекрасен одмор, се додава во соопштението од болницата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!