Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во периодот од 6 до 12 јули, од случаите на Ковид 19 кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 отсто што претставува намалување за 2% во однос на претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2% регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за 2% повеќе од претходната недела, стои во извештајот.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 отсто, што претставува намалување за два отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за два отсто повеќе од претходната недела, стои во неделниот извешат на Институтот за јано здравје.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6 отсто имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот од 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 69,4 отсто. Триесет и пет од случаите се починати во болнички услови, а еден вонболнички. Кај 29 од смртните случаи (80,6 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети. Во последните три недели константно се намалува бројот на смртни исходи на Ковид-19.

На 12 јули, според извештаите од ГОБ „8 Септември“, болницата во Козле, клиничките болници во Битола и Штип, општите болници во Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар, хоспитализирани биле 350 лица позитивни на Ковид-19, од кои 118 се на кислородна поддршка, а четворица на механичка вентилација, стои во соопштението од Министерството за здравство.


Напишете коментар