Сподели

Фудбалскиот клуб Ливерпул излезе со официјално соопштение во кое изрази незадоволство од начинот на кој навивачите го прославиле првиот трофеј во Премиер лигата по три децении.

Иако најголем дел од фановите на Ливерпул се однесувале цивилизирано и дури ги почитувале советите за дистанцирање, мал процент предизвикале многу проблеми низ градот, вклучувајќи и повреди.

Лекарскиот билтен вели дека тројца навивачи се хоспитализирани во сериозна состојба, додека уште 24 учесници во прославата добиле лекарска помош во некоја од болниците низ градот.

Полицијата вели дека 15 навивачи се уапсени поради насилничко однесување, имало и пожар, па клубот доби замерки и од градските власти.

– Нашиот град е се уште во здравствена криза и ваквото однесување е неприфатливо. Потенцијалниот ризик од втор пик на КОВИД-19 е голем и мора да работиме заедно за да го избегнеме, – стои во соопштението на клубот.

Навивачите на Ливерпул втора вечер по ред ја прославувале титулата низ градот, што е уште една причина за незадоволство кај градските власти.

– Собирањето во четвртокот пред „Енфилд“ може да го наречеме спонтано и направено од страст кон клубот. Но, она што се случуваше вчера беше испланирано и помина во знакот на алкохолизирана состојба на голем дел присутни. Тоа е веќе неприфатливо за нашиот град, – изјавил градоначалникот Џо Андерсон кој најави дека ќе бара од полицијата да реагира поенергично.


Сподели