Сподели

Во американската анимирана комедија „Симпсонови“, белите актери веројатно ќе го позајмуваат својот глас на ликови од други етнички средини, објавија продуцентите на серијата, во време кога се одржуваат антирасистички протести низ целиот свет.

Серијата, која се емитува на телевизијата Фокс, со години се соочува со критики поради белиот актер Ханк Азарија, кој ја игра улогата на Американецот Индус Апуа, пренесува ВВС.

Азарија на почетокот на оваа година објави дека повеќе нема да ја толкува улогата, откако Симпсонови се најдоа како мета на критики затоа што тие, наводно, го користат ликот на Апуа на начин што ги охрабрува расните стереотипи.

Индустријата за забава е под зголемен притисок да обезбеди повеќе можности на изведувачите што не се бели.


Сподели