27.000 луѓе останаа без работа поради една причина! Се појави важен документ на Амазон

Податоците во документот до кои дојде Business Insider покажуваат зошто овој гигант отпуштил 18.000 работници и најавил нови отпуштања.

Вработените во Амазон сè уште не закрепнале од серијата масовни отпуштања во јануари, а платформата за е-трговија веќе објави 9.000 нови отпуштања.

На почетокот на годината отпуштија повеќе од 18.000 работници, што воедно е едно од најмасовните отпуштања во технолошкиот сектор. Што тргна наопаку?

Имено, податоците во документот до кој дојде Business Insider покажуваат дека Amazon имал грешки при броењето на своите вработени. Минатата година компјутерскиот тим имаше 24.988 отворени позиции, иако беа одобрени само 7.798 позиции.

Тоа значи дека Амазон имал 3 пати повеќе вработени.

Како што се вели понатаму во документот, резултатот бил „процес склон кон недоследност, грешки и потенцијална злоупотреба“, вклучително и „прекумерно регрутирање“.

„Ова овозможи превработеност во одредени центри за трошоци и придонесе за распон на контрола и дефекти на односите на ниво“, се вели во извештајот.

„Распон на контрола“ е индустриски жаргон за бројот на директни извештаи под секој менаџер, а нивото се однесува на позицијата на вработениот. Сите овие податоци укажуваат дека многу технолошки компании играле на бранот на просперитет поради пандемијата на коронавирус, но не успеале да го одржат.

Портпаролот на Амазон одби да ги коментира наводите до кои дојде Инсајдер.