34 годишен маж чувал тринаесетгодишно девојче заклучено во шупа: Ја намамил преку социјалните мрежи, а потоа извршил грозоморно злосторство (ВИДЕО)

Исчезнато 13-годишно девојче од Далас било пронајдено заклучено во барака оддалечена повеќе од 1.500 километри во Северна Каролина, откако била киднапирана и силувана од маж што го запознала на социјалните мрежи.

Девојчето е пронајдено во Лексингтон, на околу еден час возење североисточно од Шарлот, се вели во соопштението на шерифот на округот Дејвидсон, пренесе Си-Ен-Ен.

Канцеларијата на шерифот соопшти дека во петокот вечерта биле контактирани од специјален агент на ФБИ во Тексас за случајот. ФБИ во соработка со полицијата во Далас утврдиле дека возрасен маж разговарал со девојчето преку Интернет. Содржината на тие разговори била конзистентна со намамување и одвлекување, соопшти канцеларијата на шерифот.

Камерите во близина на домот на девојчето снимија возило регистрирано на човек од округот Дејвидсон и замениците на шерифот, заедно со агентите на ФБИ на Гринсборо, го лоцирале возилото и го запреле додека ја напуштало регистрираната адреса.

– При проветка на возилото констатирано е дека малолетничката била затворена во надворешен објект сопственост на осомничениот – се вели во соопштението на шерифот.

Инспекторите ја отвориле бараката и го пронашле девојчето. Таа беше однесена во болница за да биде прегледана, а подоцна се врати дома во Тексас. Осомничениот, 34-годишниот Хорхе Иван Сантос Камачо, е уапсен и се соочува со осум точки од обвинението, меѓу кои и киднапирање и силување на дете. Тој е задржан во притвор во округот Дејвидсон со обврзница од 1.250.000 долари.