36 години тоа беше строго чувана тајна: Еве што последно рекол Тито пред својата смрт (видео)

0

Беше недела, 4 мај. Вообичаената телевизиска програма беше прекината со црн екран. Тоа траеше 30 секунди, а потоа Миодраг Здравковиќ, однапред определениот главен спикер на Телевизија Белград, ја изговори до тогаш незамислива реченица: „Умре другарот Тито“.

„Умре другарот Тито. Тоа вечерва, им го соопштија Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија на работничката класа, работниците и граѓаните, народите и народностите на СФРЈ.

Со овие зборови Миодраг Здравковиќ, спикерот на Телевизија Белград, точно во 18:50 часот на повеќе милионската публика „од Триглав до Гевгелија“ им ги потврди најцрните претчувства – доживотниот Претседател на СФРЈ и Сојузот на комунистите, Врховниот командант на Вооружените сили на земјата, водач на Движењето на неврзаните и човекот кој управуваше со Југославија 35 години, Јосип Броз Тито почина во Љубљана, само неколку дена пред неговиот 88-ми роденден.

На оваа шокантна, но кратка изјава и претходеше неколкумесечна борба на лекарите во Љубљана да го одржат во живот Претседателот на СФРЈ. За време на таа борба, на Тито му била ампутирана ногата, а последните денови ги поминал во кома од која всушност никогаш не се разбудил.

Во тоа време д-р Миломир Станковиќ бил млад лекар кој бил дежурен до креветот на Тито. Неговата задача беше да запишува – дијагнози, прогнози на лекарите, терапии што ги зема претседателот. Тој почина во декември 2019 година како еден од последните сведоци на последните денови на југословенскиот маршал.

За настаните на кои бил сведок прв пат зборуваше во книгата „Тито меѓу животот и смртта“ објавена дури во 2016 година.

Всушност, седејќи до болничкиот кревет на Тито, д-р Станковиќ ги слушна последните зборови на Јосип Броз.

Кога виде дека сè пропадна, неговите последни зборови беа: „ Што треба да значи сето ова! Сега, не знам дали тоа се однесуваше на некои одлуки што ги донел или на лекарите кои му ветиле дека терапијата ќе успее… Во средината на февруари 1980 година, Тито веќе не можел да зборува и бил во вештачка кома до крајот од својот живот…“ – раскажа д-р Станковиќ.

Следниот ден, на 5 мај, со Синиот воз од Љубљана во попладневните часови во Белград пристигна ковчегот со посмртните останки на Јосип Броз. Во тој и наредните денови граѓаните на бившата држава во поворка му оддадоа почит на шефот на југословенската држава, минувајќи покрај неговиот ковчег во салата на Собранието на Југославија.

Тито беше погребан на 8 мај во Куќата на цвеќето на Дедиње. На погребот присуствуваа повеќе од 200 истакнати личности од целиот свет, а стотици илјади граѓани го испратија и се простија од доживотниот претседател на Југославија.