Неодамна избран конгресмен во САД почина од ковид-19. Тоа е првиот смртен случај од оваа болест во Конгресот, објави Би-Би-Си.

Републиканецот Лук Летлоу (41) беше избран во Претставничкиот дом на Луизијана и требаше да даде заклетва во недела.

На 18 декември, тој објави дека на тестот за коронавирус е позитивен и по кратко време е примен во болница.

Летлоу почина вчера од компликации поврзани со болеста.