5 И 5,1 ПО РИХТЕР – Два нови силни земјотреси ја погодија Турција

Потсетуваме дека најмалку 1.498 лица загинаа, а 8.533 лица се повредени.

Турција беше погодена од два нови силни земјотреси. Едниот бил со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, додека другиот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.

На теренот има 15.000 спасувачи, а поради лошите временски услови користат хеликоптери и авиони за да стигнат до местото на земјотресот, рече Сезер.

Оштетени се најмалку 2.834 објекти, а властите работат на обезбедување засолниште за граѓаните.