Заклучно со минатата недела, што заврши на 1-ви август, други 1,4 милиони Американци побараа финансиска помош од државата.

Во последните две недели на јули повеќе од 2,8 милиони Американци бараа помош од државата. Или 1.434 милиони апликации, односно 1,4 милиони апликации во последните две недели во јули.

Сè на сè, вкупниот број Американци кои аплицирале за оваа помош, од почетокот на кризата, сега достигнува 55 милиони.

Ова е 20-та недела по ред како тој број не паѓа под милион барања неделно. Сепак се очекува дека бројот на оние кои добиваат постојана помош ќе падне под 17 милиони Американци, а кон средината на мај тој број изнесуваше околу 25 милиони.

Како и да е бројката ќе остане двојно поголема од онаа забележана во 2009 година, што се сметаше за рекордна, кога бројот на такви, континуирани побарувања беше 6,6 милиони.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *