6 симптоми на дијабетес а Македонците најчесто ги игнорираат: Лекарите предупредија дека оваа болест го уништува организмот доколку не се открие навреме (фото)

Како што старееме се чувствуваме повеќе уморни или почесто одиме во тоалет, а повеќето не одат кај општ лекар поради овие симптоми. Сепак, заморот и потребата за почесто мокрење се два од најчестите знаци на дијабетес.

Со оглед на тоа што во светот се зголемува бројот на заболени од дијабетес, јасно е дека овие симптоми треба да се проверат. Болеста се јавува кога телото не произведува инсулин (како кај тип 1) или не произведува доволно/неефективен инсулин (тип 2).

Инсулинот, хормон кој се произведува во панкреасот, и’ помага на гликозата да влезе во клетките за да ни даде енергија, а ако ја нема доволно или не функционира правилно, нивото на гликоза во крвта може да стане превисоко.

Ова може да предизвика хронични проблеми доколку состојбата не се лекува. Проблеми кои што може да се појават се сериозно оштетување на крвните садови, како и проблеми со срцето, очите и бубрезите.

Симптомите на дијабетес тип 2 се лесно да се предвидат бидејќи може да се развиваат бавно. Имајќи го тоа на ум, лекарите предупредуваат да внимаваат на следните шест симптоми, пишува index.hr.

ЧЕСТО МОКРЕЊЕ

Почесто мокрење, особено ноќе, може да биде знак за дијабетес. Имено, шеќерот наместо да влезе во клетките се акумулира во крвта, а бубрезите работат прекувремено за да се ослободат од вишокот шеќер во крвта, па почесто одиме во тоалет.

ЗГОЛЕМЕНА ЖЕД

Кога има премногу шеќер во крвта, клетките и’ даваат на крвта повеќе вода за да се обидат да го разредат шеќерот, па клетките остануваат дехидрирани. Бидејќи клетките се дехидрирани, тие испраќаат сигнал до вашето тело дека сте жедни, па луѓето пијат многу повеќе течности.

УМОР

Кога имате дијабетес тип 2, вашето тело не може да внесе доволно гликоза во вашите клетки, па вообичаен симптом е чувството на замор.

ГУБЕЊЕ НА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА

Вишокот шеќер обично го складираме како маснотии, а телото работи понапорно бидејќи не го внесува шеќерот во клетките, а сепак му треба енергија, па затоа енергијата доаѓа од разградувањето на масните клетки. Како резултат на тоа, луѓето губат тежина.

ЧЕШАЊЕ НА ГЕНИТАЛИИТЕ ИЛИ ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА

Чешањето на гениталиите може да се појави кај дијабетес тип 2 бидејќи шеќерот се излачува во урината, а тоа создава идеална средина за раст на бактериите, па затоа сме посклони на инфекции, особено на уринарни инфекции.

РАНИ КОИ ТЕШКО ЗАЗДРАВУВААТ

Кога имате рана, потребна ви е дополнителна енергија за да се справите со проблемот. Кај дијабетес тип 2, на телото му недостасува енергија, а хранливите материи не стигнуваат до местата каде што треба. Потоа бактериите се хранат и се размножуваат, па раните потешко зараснуваат.

Ако почувствувате некој од овие симптоми, посетете го вашиот лекар за проценка и совет.