9 метри под вода: Вака изгледа најголемиот паркинг за велосипеди во Амстердам

Просторот е максимално искористен, а за да може да се паркираат што повеќе велосипеди се користат двојни носачи од компанијата VelopA.

Статистиката покажува дека во Амстердам има повеќе од 800.000 велосипеди и дека дури 63 отсто од жителите секојдневно го користат својот лимен миленик на две тркала. Луѓето одат на училиште, факултет и работат со велосипед, па не е чудно што почнаа да исчезнуваат слободните паркинг места.

Полиците за велосипеди на улиците, а особено околу Централната станица во Амстердам, може да бидат толку преполни што го отежнуваат движењето на пешаците низ градот. За да се решат овие проблеми, првата од двете најголеми гаражи за велосипеди во Амстердам беше отворена на крајот на јануари 2023 година во главниот град на Холандија.

Првата отворена гаража е Stationsplein, која се наоѓа приближно девет метри под пристаништето, и може да паркира дури 7.000 велосипеди. Гаражата е дизајнирана од холандското архитектонско студио Wruck во соработка со музејот во Амстердам.

Целата гаража има паметен систем за паркирање и водење од софтверската компанија LumiGuide и е поврзана со метрото и Амстердам Централ преку подземни рути . Просторот е максимално искористен, а за да може да се паркираат што повеќе велосипеди се користат двојни носачи од компанијата VelopA.

Уште една голема гаража – онаа на булеварот IJ дизајнирана од VerhoevenCS ќе биде отворена во текот на февруари оваа година, а ќе обезбеди дополнителни 4.000 места за паркирање велосипеди во Амстердам.