Jелена Ѓоковиќ не сте ја виделе ваква досега: Совршено стилизирана за скијање, скромна и модерна

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по напорната сезона отпатува за Италија, а моментално се наоѓа во провинцијата Јужен Тирол, која се наоѓа на самиот север на споменатата земја.

Тенискиот ас ужива во друштво на семејството, сопругата Јелена Ѓоковиќ и нивните деца Стефан и Тара, а италијанските медиуми ги сликаа за време на прошетката.

Покрај присуството на Новак, големо внимание привлече и неговата сопруга со својот стајлинг за кој пишуваат италијанските медиуми.

Имено, Јелена била во сосема необични бои, па облекла густа зимска розова јакна, која ја искомбинирала со црни панталони.

На нозете носеше зимски чизми кои моментално се едни од најмодерните, а под сакото и’ се гледаше беж шал.

Косата и’ беше свиткана во бранови, а огромно внимание привлече нејзината прескапа чанта која ја комбинираше со чизми.