Овој предлог треба да добие зелено светло од Владата. Било каква одлука да се донесе, потребно е да се направат законски измени, затоа потребно е и да имаме функционално Собрание. Што се однесува до градинките, од Комисијата за заразни болести велат дека ќе се дискутира следната недела, вели Адеми.

– Првиот исклучок е од прво до трето одделение ќе биде потребно физичкото присуство во наставниот процес.

Вториот исклучок, во тие училишта каде има мал број на ученици и каде можат да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и може да се организира наставниот процес, со што да не се загрозува здравјето, таму ќе се организира наставниот процес со физичка дистанца – вели Адеми.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *